Управување

ekoenergy stampОдборот

Одборот на ЕКОенергија е највисок орган во рамките на управувачката структура .

Одборот:

  • ја поддржува стратегијата на организацијата
  • одлучува за критериумите
  • одлучува за прифатливоста на производство уреди
  • одлучува за употреба на фондот за животна средина и климатскиот фонд на ЕКОенергија и
  • го именува шефот на Секретаријатот на ЕКОенергија.

Секој организација членка на ЕКОенергија назначува едно лице за член на одборот. Кликнете овде за листа на членовите на Одборот.

Советодавна група

Советодавната група е назначена од страна на ЕКОенергија одбор. Назначувањето е за 2 години и може да се обнови.

Во Советодавна група има резервирани места за следниве групи на засегнати страни:

  • Еколошките невладини организации: чадор-организации за  животната средина на европско ниво и национално / регионални невладини организации.
  • Индустрија за електрична енергија (производителите, трговците и добавувачите).
  • Потрошувачи на ЕКОенергија, нивната филијалнаа организација и потрошувачите организации.

Други можни членови се органи вклучени во спроведувањето на гаранции за потекло систем.

Советодавната група може да даде придонес за кое било прашање во врска со ЕКОенергија. Советодавната група е активно информирани за дневен ред на Одборот. Одборот треба да одговори во рок од 2 месеци на коментари и прашања од членовите на советодавната група. Советодавната група назначува членови на арбитражната комисија на ЕКОенергија со ¾ мнозинство.

Кликни тука за листата со членовите на советодавната група.The Advisory Group can give input on any issue related to EKOenergy. The Advisory Group is actively informed about the Board’s agenda. The Board has to respond within 2 months to comments and questions of the members of the Advisory Group. The Advisory Group nominates the members of the EKOenergy Arbitration Panel with a ¾ majority.

Секретаријат

Секојдневно управување на ЕКОенергија е во рацете на Секретаријатот. Задачите на Секретаријатот вклучуваат:

  • oбезбедување на управувањето и работењето на ЕКОенергија.
  • претставување на ЕКОенергија во надворешните односи и воспостање контакти.
  • Давање на услуги на засегнатите страни и групи на засегнати страни.
  • Организирање, подготвување и следење на сите состаноци на ЕКОенергија структура.
  • Изготвување на документи за да им помогне на донесување на одлуки за буџетите и акциони планови.
  • Подготовка на интерни и екстерни извештаи.
  • Поддршка на објавување и дисеминација на информации .
  • Преземањето на финансиската администрација на здружението.

Кликнете тука за преглед на вработените и волонтерите на ЕКОенергија Секретаријатот.

Арбитражна комисија

Арбитражната комисија на ЕКОенергија се состои од минимум 3 експерти назначени од страна на Советодавна група и назначени од страна на ЕКОенергија одбор. Мандатот важи 5 години. Во арбитражна комисија, постои една резервирано место за експерт за прашањата за животната средина и едно за експерт за обновливи извори на електрична енергија. Релевантните групи на засегнати страни ќе добијат можност да предложат кандидати.

Арбитражната комисија на ЕКОенергија ќе ги решаваат евентуалните спорови меѓу ЕКОенергија и членовите на Мрежата, или помеѓу ЕКОенергија и компании кои продаваат ЕКОенергија .

Арбитражната комисија на ЕКОенергија ќе започне со работа најдоцна во рок од 2 години по првата продажба на ЕКОенергија (т.е. од 15 јуни 2015 ).